(Видео) Владата веднаш да почне со градење на складишта за природен гас: Да се истражи дали во Македонија има извори на нафта!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети, нашиот гостин Зоран Ивановски објасни и даде конкретни предлози за тоа како Македонија да се справи со енергетската криза. Еве што кажа тој:

“Следната зима ќе биде катастрофално тешка по многу прашања, а особено на поле на енергетика. Предлагам Владата итно да седне и да земе да разгледа колкави се резервите на гас и од каде ќе набавиме. Нема врска од каде ќе набавиме, дали руски, катарски, американски гас тоа не еважно.

Владата треба да пронајде локации кадешто ќе се изградат огромни резервоари за природен гас кои ќе се полнат ова лето кое доаѓа кога цената е релативно помала од зимата. Ние треба да ги наполниме тие резервоари налето за во зимата да може да г користиме и да не купуваме поскап гас.

Тоа не е којзнае каква технологија и не требаат многу средства. Тоа се како плински боци што ги имаме дома само многу поголеми размери. Нека се прошетаат од Влада низ Европа да видат како се парви тоа.

Треба да се истражи дали по течението на Вардар и во Овчеполието имаме извори на нафта. Поранешните истражувања велат дека има но тоа со тогашна технологија не било можно да се извади, но со сегашната е можно.

Не велам дека имаме нафта како Катар во полиња но ако имаме две три бушотини и закрпиме 30% од потребите на државата тоа е одлично и ќе се намали цената на нафтата. “- предлага Ивановски.

Следете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=991405125108300&notif_id=1647806372746287&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Американски топ дипломат го уништи Христијан…

Заменикот на државниот секретар на САД, О'Брајан…

Грците го прекинаа транспортот на руската нафта…

Група големи грчки бродски компании ги суспендираа…

ЕУ во опасност од нова енергетска криза

Геополитичките тензии и предизвиците со снабдувањето би…

Ковачевски: ДПМНЕ го кочи европскиот пат на…

Одговорноста има име и презиме, тоа е…

Паднаа цените на нафтата на светските берзи

На лондонската берза цената на барелот по…