(Видео) Владата купува пченица од Србија за да можат фирми блиски до нив да ја препродадат во трети држави?

t

Крешник Бектеши вчера призна дека тој и Ковачевски лажеле кога кажаа дека во стоковите резерви има пченица. Бектеши кажа дека 45.000 тони пченица за која од владата зборуваат наназад подолг период е пченица во посед на приватните млинови и трговци, а не дел од стоковите резерви, истакна на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека Ковачевски и Бектеши во период на криза ја оставаат државата во неизвесност.

-И наместо да работат на полнење на стоковите резерви со пченица, од владата ќе одат во Србија да молат за пченица во име на Република Македонија, не за државата, и не за народот, туку за сметка на одредени трговци, кои пченицата која Ковачевски и Бектеши ќе ја добијат во име на народот ќе ја реекспортираат во трети држави и ќе остварат огромен профит. Ковачевски и Бектеши ќе земат 50.000 тони пченица од Србија, за неколку трговци истата да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово. Сега се поставува прашањето кои се тие трговци кои ќе можат по повластени услови да земат пченица од Србија, за на истата да стават маржа и да ја извезат во Грција, Бугарија, Албанија или Косово? Како се одбрани тие трговци кои ќе можат да ја купат пченицата и дали лица блиски до врвот на власта треба од еден извоз да направат милиони?, прашува тој.

Трипуновски посочува дека сето ова немаше да биде воопшто проблематично ако цената на брашното во Македонија не пораснеше за 40%, исто како и лебот и другите намирници.

Доколку владата наместо за профит на бизнисмените блиско до нив обезбедеше пченица за нашиот пазар и ја регулираше цената сега ќе јадевме поефтин леб, и ќе плаќавме помалку за килограм брашно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жителите на Бор палат свеќи за малата…

Жителите на Бор вечерва палат свеќи и…

Харадинај: Одлуката за укинување на динарот му…

По повод денешната рунда од дијалогот во…

Нови грозоморни детали за убиството на малата…

Министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав…

Србија има буџетски суфицит од 5,3 милијарди…

Во првите два месеци од 2024 година,…

Курти: Не сум против помош од Белград,…

Косовскиот премиер Албин Курти денеска од северниот…