Објавено на:

(Видео) Влетал со автомобил во полициска станица, пеејќи познат хит- обвинет е за тероризам

t

Американец од Њу Џерси е зад решетки откако со својот автомобил влетал во седиштето на локалната полиција.

Додека ја пеел песната „Добредојде во џунглата“ на Ганс енд Роузес, 34-годишниот маж со рацете во воздух со својот автомобил влета во просториите на полициската управа, како штотуку да постигнал тачдаун, покажува видеото, пренесува „Инсајдер“.

Џон Харгривс, од Белведер, е уапсен и сега се соочува со вкупно 10 обвиненија за несовесно возење, рече окружниот обвинител на Ворен, Џејмс Фајфер, во соопштението.

Пред да налета на полициската канцеларија на градот Индепенденс, Харгривс најпрво удрил „во вратата од гаражата на приватната резиденција во обид да го исплаши или вознемири сопственикот на куќата“, кого го познавал, се вели во соопштението на обвинителите.

Харгривс потоа „возел до најблиската полициска станица и намерно упаднал со своето возило во зградата предизвикувајќи значителна штета!“, се вели во соопштението за печатот.

Харгривс за малку го промашил полицаецот Килијан Бернард, кој се оддалечил од неговото биро и бил во канцеларијата на наредникот кога автомобилот на Харгривс влетало во собата.

„Веројатно зборуваме за неколку секунди во кои можеше да го убие полицаецот“, рече Фајфер.

„Само по милоста Божја тој не беше таму во тоа време.

Портпаролот на полициската управа не одговорил веднаш на барањето на „Инсајдер“ за коментар. Веднаш не било јасно дали Харгривс имал адвокат.

За упад во седиштето на полицијата, Харгривс е обвинет за тероризам, нанесување голема штета, тежок напад, кражба, поседување оружје за незаконска цел и криминално злоставување, се вели во соопштението за печатот.

Харгривс претходно бил осуден на две години условна казна во 2021 година, откако се изјаснил за виновен за следење и злосторнички напад, според судските записи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…

Иранската револуционерна гарда испрати предупредување до американските…

Трамп повторно проговори за нападот врз Иран

По американскиот воздушен напад врз три ирански…

Иранскиот претседател вети одговор на нападот на…

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска вети „одговор“…