(Видео) Вознемирувачки снимки во Белград: Со автомобил влета меѓу студенти за време на 16-минутниот молк за загинатите
За време на денешниот 16-минутен молк пред Правниот факултет во Белград, дошло до сериозен инцидент кога возач со автомобил насилно се обидел да помине низ крстосницата која била блокирана од студенти и граѓани. Возачот физички нападнал студент, а потоа со возилото удрил и постар човек.
Според сведочењата на студентите, настанала вистинска драма и паника меѓу присутните. Во хаосот било искршено задното стакло од автомобилот, по што возачот со голема брзина се обидел да избега. Граѓани и студенти успеале да го запрат и опколат возилото на аголот меѓу Булеварот и улицата „Десанка Максимовиќ“, по што пристигнала и полицијата.
На социјалните мрежи се појавија снимки од инцидентот и од реакцијата на револтираните граѓани, кои жестоко реагирале на однесувањето на полицијата кон осомничениот. Насобраните граѓани гласно барале напаѓачот веднаш да биде приведен и му порачувале на полицијата дека станува збор за „обид за убиство“.
„Ова е обид за убиство! Го знаете ли Кривичниот законик? Ставете му лисици! Срам да ви е!“, се слуша на снимките објавени на интернет.
Студентите во блокада од Правниот, Архитектонскиот и ЕТФ факултет соопштија дека нападот се случил токму за време на оддавањето почит со 16-минутен молк за 16-те загинати во падот на настрешницата, што дополнително го зголеми гневот и вознемиреноста кај присутните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАРОДНАТА БАНКА НА СРБИЈА СЕ ОГЛАСИ ЗА…
Народната банка на Србија (НБС) излезе со…
АМЕРИКАНСКАТА АРМИЈА НАПАДНАЛА ИРАНСКИ РАКЕТНИ ЛАНСЕРИ: Вашингтон…
Американските вооружени сили извршиле напади врз ирански…
Се урна хеликоптер на ЕУФОР кај Брчко,…
Во местото Горице, во близина на Брчко…
„Ексон“ и „Шеврон“ ги откажале патувањата на…
Американските нафтени гиганти „ЕксонМобил“ и „Шеврон“ ги…
Мицкоски: Дата-центрите и вештачката интелигенција се иднината,…
Премиерот Христијан Мицкоски ја потврди поддршката за…