Објавено на:

(Видео) Вознемирувачко видео од местото на убиството: Српски рапер убиен во Дизелдорф, Албанец уапсен за злосторството

t

Александар Стефановиќ, 38-годишен рапер и угостител, е застрелан пред кафуле во германскиот град Дизелдорф.

Раперот и угостител Александар Стефановиќ (38), попознат по неговото уметничко име Алекс М, е застрелан и убиен пред ресторан во Дизелдорф, во неделата рано наутро. На убиството му претходела расправија. Полицијата го уапсила осомничениот пред локалот.

Албанецот Рустем Лапи (52) е уапсен под сомнение дека го испукал смртоносниот истрел во него.

Во неделата околу 2 часот и 45 минути во кафуле најпрвин настанала расправија меѓу жртвата и 52-годишниот осомничен. По расправијата излегле од кафулето, кога се слушнале истрели. По пукањето, осомничениот маж се вратил во кафулето и чекал да пристигне полицијата. Тој без отпор се предал.

Иако полицијата и итната помош се обиделе да го реанимираат на лице место, 38-годишниот сопственик на локалот им подлегнал на повредите.

Како што може да се види на неговиот профил на Инстаграм кој го следат околу 1.800 фанови, тој се занимавал со музика, а пред две години го објавил својот сингл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин во Кина пиеше чај во кинески…

Кинескиот претседател Си Џинпинг го угости неговиот…

Радев: Патот на Македонија кон Брисел минува…

„Отсекогаш сум ги поканувал претседателите на РМ…

Кривичниот суд го добил барањето на Палевски…

Од Истражниот затвор Скопје до Основниот кривичен…

68% од граѓаните би гласале ЗА членство…

68% од граѓаните на Република Македонија позитивно…

Красниќи во Македонија ќе треба да издржи…

МВР соопшти дека денеска полициски службеници од…