(Видео) Вонредна состојба во источна Англија поради голем шумски пожар
Властите во источна Англија прогласија вонредна состојба откако голем шумски пожар избувна во округот Сафолк, поради што беше спроведена евакуација на жителите, додека десетици пожарникари интензивно се борат да ја локализираат огнената стихија, соопштија денеска британските медиуми.
Според информациите од локалните служби, вонредната состојба е прогласена поради „големината и сложеноста“ на пожарот, кој зафатил крајбрежно подрачје со ниска вегетација во близина на Данвич Хит, зафаќајќи површина приближно колку 14 фудбалски игралишта.
Огнот избувна вчера околу 17:30 часот по локално време, а Противпожарната и спасувачка служба на Сафолк соопшти дека засега нема пријавени повредени лица.
Како превентивна мерка, властите ги евакуираа околните куќи и блискиот автокамп со приколки. Истовремено, надлежните упатија уверување до јавноста дека во моментов „не постои опасност за нуклеарната централа Сајзвел Б“, која се наоѓа на околу 6,4 километри од местото на пожарот.
Пожарот избувна истиот ден кога Агенцијата за животна средина објави дека половина од територијата на Англија официјално се наоѓа во состојба на суша, поради рекордно ниските врнежи и продолжениот период на високи температури.
Поради топлотниот бран, Британската агенција за здравствена безбедност издаде портокалово предупредување за регионите Источен Мидлендс, Источна Англија, Југоисточна Англија и за Лондон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вонредна состојба во источна Англија поради…
Властите во источна Англија прогласија вонредна состојба…
Мухамeд 3-та година по ред е најчесто…
Мухамeд трета година по ред е најчестото…
13 – годишно девојче уапсено за убиство…
Тринаесетгодишна девојка е уапсена под сомнение за…
СКОПЈАНЕЦОТ ЗОРАН НАСТЕСКИ СОВЛАДА ПАТНИК КОЈ НА…
Скопјанецот Зоран Настески кој живее во Англија…
KOЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ:ПО 45 МИНУТИ…
Поради зголемениот број патувања за време на…