Објавено на:

(Видео) Вонредни вести: Финска распоредува воена опрема на источната граница – бесконечна колона на тенкови

t

Вознемирувачки снимки ни пристигаат од Финска каде државата се чини распоредува бесконечна колона на тенкови кои се транспортирани со железнички сообракај.

Според првичните информации Финска распоредува и концентрира огромен број воена техника и припадници на армијата на својата Источна граница со Русија.

Официјално финскиот претседател Саули Ниинисто најави дека одлуката на земјата дали да стане членка на НАТО ќе ја соопшти на 12 мај.

Наведувајќи дека безбедносната ситуација во регионот е променета, Ниинисто истакна дека одлуката ќе биде донесена по состанокот со Владата, политичките партии и невладините организации.

Ниинисто изјави дека острата употреба на воената моќ од страна на Русија предизвикува загриженост.

Уште на 12 април руското министерство за надворешни работи се закани со последици во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО пактот, јавува Франс прес.

Москва не наведе за какви точно последици станува збор. Русија неодамна се закани со „ребаланс на ситуацијата“ во случај Финска и Шведска да влезат во НАТО. Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова претходно се закани со „политички и воени последици“ ако двете земји се приклучат на воениот пакт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ… Од куќата на убиецот…

Од куќата на Дејан Драгијевиќ, осомничениот за…

(Видео) Изгаснат е пожарот позади Универзална сала

Пожар избувнал денеска во куќа на улицата…

Пленковиќ: Милановиќ повеќе не постои

Премиерот на техничката влада на Хрватска, Андреј…

ЕУ одвои 68 милиони евра дополнителна хуманитарна…

Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за одвои…

Киев: Русија ги напаѓа украинските железници за…

Русија ги засили нападите врз украинската железничка…