(Видео) Вооружен напад на црква во Истанбул! Едно лице загина

t

Двајца маскирани напаѓачи извршија вооружен напад врз католичка црква во Истанбул за време на неделна богослужба, при што загина едно лице, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Според соопштението на Јерликаја, вооружени напаѓачи упаднале во црквата Света Марија во областа Сариер во Истанбул во 11:40 часот по локално време.


Во првите извештаи по нападот турските медиуми јавија дека во нападот е повредено едно лице. „Денеска во 11:40 часот по локално време во вооружен напад на католичката црква Света Марија во областа Сариер во Истанбул (северно од Истанбул) е убиен Д.Т.“, напиша на социјалните мрежи министерот Јерликаја.

Министерот рече дека двајцата напаѓачи носеле маски и биле присутни со верниците за време на неделната молитва. Јерликаја најави дека е покрената сеопфатна истрага за нападот и дека потрагата по напаѓачите е во тек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судири во Истанбул меѓу полицијата и демонстрантите…

Турската полиција интервенираше за да спречи групи…

Населението на Истанбул е побројно од населението…

Населението на Истанбул е побројно од населението…

Турската полиција уапси 25 лица, поврзани со…

Турските власти приведоа 25 осомничени во врска…

Атентат во Истанбул: Се обиделе да убијат…

Турската полиција трага по напаѓачите кои се…