(Видео) “Во Бугарија има многу царства, најголемо е царството на Македонците!” Тодор Александров никогаш не бил во добри односи со бугарската влада!

t

Александар Димитров бил министер за внатрешни работи во бугарската влада на Стамболиски, по потекло Македонец, левичар по убедувања, но бил избран во владата. Него организацијата во времето на Тодор Александров го прогласила за непријател на ВМРО и македонската кауза и по неколкуте опомени за зближувањето со СХС, му е изречена смртна пресуда и е извршен атентат во 1921 година, еден од поголемите атентати врз претставници на странска влада, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети професорот Никола Жежов.

– Овој е прв таков поголем атентат во Првата светска војна, убиен на многу суров начин, колата била пречекана во засега и неговата придружба исто така била убиена. Таква смртна пресуда имал и тогашниот премиер Стамболиски, грешат тие што велат дека ВМРО соработувала со бугарската влада, Александров и Протуѓеров кога побегнале од затвор се постојано во излегала.

Во државниот преврат учествувале и чети на ВМРО, иако доаѓа владата на Александар Цанков, но ВМРО никогаш не била во никакви идилични односи со бугарските влади се до убиството на Александров.

Александров упатил предупредувачко писмо до бугарската влада каде истакнал дека “вие мислите дека сме нула без Бугарија и Стамнолиски имаше исто мислење и еве каде е сега, во Бугарија има многу царства, но најголемо е царството на Македонците и мислете како ќе делувате”, открива Жежов кој додава дека Александров никогаш не бил во добри односи со бугарската Влада.

– Бугарската Влада го сместила Тодор Александров во таборот на т.н негативни личности. ние мораме да го напуштиле приодот на црно-бела историја. Во западната историографија тој принцип е напуштен, историјата не признава позитивни и негативни личности, таа познава историски контекст и толкување врз историски факти и аргументи, вели Жежов бидејќи тој пристап е ненаучен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…