(Видео) Во време на Кресненското востание имаме ДРЖАВА СО СИТЕ НИШАНИ! Дедо Иљо Малешевски прави јасна разлика меѓу Македонците и Бугарите

t

Кога русите им помагаа на Бугарите да се ослободат од Османлиите, кога Бугарите плачеа за нивната современа држава, нашите прадедовци ја создаваа Македонската држава, вели Љупчо Палевски во денешната епизода на Тешки муабети.

– Затоа Кресна е суштината на Македонската држава, а таа се држи во фиока.

Вчера почитуваниот професор објасни дека прогласот во Крушево и пушуван по сеќавање, зошто во нашата химна нема ни збор за Кресна?

Најлиберално за потреби на други е направена Крушевската република, не за македонските интереси. Ама и Питу Гули го почитувам затоа што бил храбар човек се борел за слобода и тоа е во ред, ама зошто во химната ја нема и Кресна?

Кресненското востаните ниту случајно не е направено нашала, ниту е направено од некој друг ниту смееме да го заборавиме. Додека Бугарите се препелкаат да добијат некаква држава, она што никој не говори објавата на војна на Црна Гора, Србија и Русија на Османлиите, Македонија организира востание.

Карастоилов е војвода над сите војводи кој со седум мартински и три пушки ослободува градови и села и почнува организација на македонска држава. Дедо Иљо Малешевски има еден проглас:

– Македонци, Македонија мајката наша под Турците и јатаганот почна да плаче, со жални крици. Нашите измачени и облеани со крв родители и браќа земаа оружје против нашите 500-годишни мачители и силувачи, анашите обесчестени мајки, сопруги и сестри со горчливи солзи во очите под гнасното и нечовечно турско самоволие клекнати околу нашите опустошени домови чекаат да одгогориме на нив. Јунаци македонски и бугарски светлината на нашата лавица рика низ нашите долини и шуми, каде и да сте побрзајте да ги избавите од овој гнасен и срамен срам. Запомнете дека нашите татковци и дедовци се бореле и ја пролеале својата крв за грчката и српската слобода, доста. Погледнете ги ланските години и ќе видите дека нашата крв уште стои на алексински и шипкански проходи (борби за слобода на соседните држави) која крв не ја жалиме за нашата општа слобода.

Македонци, сега е време да ги дознаеме нашите просветени предавници бидејќи Македонија сега е во своето 500-годишно ропство раѓајќи и во себе храбри синови. – 2 мај 1879 година, на крајот на Кресненското востание со потпис и печат од Дедо Иљо Малешевски.

Цели 8-9 месеци имаме сопствена држава, зошто имаме елменти на држава? Има еполиција, буџет, данок, востанички комитет кој дава инструкции на останати комитети за функционирање на територијата на Македонија. 7 Македонци, еден бугарски војвода, членови на востаничкиот птаб, затоа Кресна е сокриена за да можат врховистичките копилиња во разни облици да го ставаат во фиока и ако се спомне да се стави во смешна верзија, вели Палевски.

Ова е држава со сите нишани!

Димитар Поп Георгиев Беровски е роден во Берово, не е англиски или германски завршил богословско училиште во Русија и воено во Белград, рече Палевски читајќи документ со кој Беровски му упатува барање на војвода на горноџумајскиот регион со соодветни задачи.

Сето тоа денеска да не биде темел на општ македонски политички консензус…

Зошто се што е македонско е избришано и е направено заедничко? Затоа што со задушување на Кресна Бугарите добиваат држава, затоа ги боли Кресна… – вели Палевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

Македонците како посебен народ во учебниците во…

МАКЕДОНЦИТЕ КАКО ПОСЕБЕН НАРОД ВО УЧЕБНИЦИТЕ ВО…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…