Објавено на:

(Видео) Во Египет откриени 150 бронзени статуи на древни египетски богови

t

Во некропола во Сакара, место во близина на Каиро се откриени 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет.

Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.

Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет – Анубис, божицата на денот – Нефертим и богот на сонцето и воздухот – Амон.

Археолозите пронашле и бронзени садови, за кои се верува дека се користени за време на молитвите на божицата на плодноста – Изида.

Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки.

Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.

Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итен прекин на огнот! Путин и претседателот…

Претседателите на Русија и Египет, Владимир Путин…

Египет ќе ја отвори границата за хуманитарна…

Претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси одобри…

Во Египет собир на приврзаници на Сиси…

Неколку илјади приврзаници на египетскиот претседател Абдел…

Египет: Дедоларизација е заедничка цел на БРИКС

Заменик-претседателот на Комитетот за економски прашања на…

Египетските археолози бараат Британија да го врати…

Египетските археолози бараат Британија да го врати…