Објавено на:

(Видео) Во Куманово се одржа собир за поддршка на Вучиќ

t

Голем број граѓани денеска се собраа во Куманово, како што рекоа, во знак на поддршка за српскиот претседател Александар Вучиќ. Собирот го организира здружението „Мир, слога, стабилност“.

Учесниците вееја македонски и српски знамиња, а дел од нив носеа транспаренти со пораки „Ние сме со Вучиќ“ и „Куманово со Вучиќ“ (на српски јазик).

Од здружението порачаа дека целта на собирот не е ширење национализам, туку испраќање порака за заедништво и меѓусебна почит.

Ова се случува додека во соседна Србија, студентите организираат голем собир на белградскиот плоштад „Славија“, на кој се очекува да присуствуваат илјадници граѓани од целата држава. Во пресрет на големиот најавен антивладин собир, државната железничка компанија на Србија го запре целиот сообраќај на возови во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Пензионерска“ тепачка во Куманово – едниот во…

Во несекојдневна тепачка меѓу двајца „ветерани“, на…

Двегодишно дете се затруло со лекови во…

Уште еден случај на затруено дете во…

(Видео) Во Куманово се одржа собир за…

Голем број граѓани денеска се собраа во…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслиманите…

Франција го забрани традиционалниот собир на муслимани…

МВР: Поранешен директор го оштетил буџетот на…

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.А.(43)…