(Видео) Во притвор завршија осомничените дилери кои вчера беа уапсени од „Тигрите“

t

Мерка притвор во траење од 30 дена определи Кривичниот совет од Основниот кривичен суд Скопје доцна синоќа за дел од членовите на криминалната група осомничена дека подолго време тргува со оружје и дрога. Судот го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за определување на мерка притвор за 14 лица, а на еден осомничен поради здравствена состојба му е определена мерка куќен притвор.

Како што вчера информираа од Обвинителството по големата акција на специјалците, под истрага за неовластена трговија со дрога и оружје се 18 лица.

Тие, робата ја набавувале од Албанија и Косово, а ја криеле во Сингелиќ и Арачиново. Двајца од осомничените се сопственик и управител на стрелиште и нелегално продавале муниција набавена за потребите на стрелиштето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хаос во авиосообраќајот: Прекини на радарите и…

Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) во…

Прекини во комуникациите ги погодија полицијата, аеродромите…

Голем глобален дефект во системите на „Мајкрософт“…

Прекин на метеоролошкиот радарски портал низ САД,…

Американската Национална метеоролошка служба (NWS) соопшти дека…

Сите авиони приземјени: ФАА ги запре полетувањата…

Американската Федерална управа за авијација (ФАА) во…

Големо признание за Тамара Котевска – гран…

Македонската режисерка Тамара Котевска освои уште едно…