(Видео) Во Систина за 20 години родени 20.000 бебиња
Во Клиничката болница Аџибадем Систина за 20 години родени се 20.000 бебињ. Тимот професионалци, во кој некои лекари се присутни од првиот ден на формирање, велат дека оваа бројка е исполнување на нивниот сон, но и поттик во иднина да се продолжи со уште поголем успех.
“Во целиот проект влеговме во 2001 година, сакајќи да оствариме сон кој тогаш беше предизвик. Почнавме со 17 кревети и 50 вработени, а денес гинеколошко-акушерското одделение брои над 300 кревети со над 200 вработени. Тоа значи огромна доверба од пациентите и им благодариме за тоа“, изјави вчера Слободан Дракулевски, гинеколог и пионер во постапката за вештачко оплодување во Македонија.
“ Кога ќе се соберат млади луѓе, ентузијасти со верба и со знаење и континуирана едукација, успехот е неминовен. За тоа е доказ и оваа бројка од 20.000 бебиња. Верувам дека за пет години ќе биде 30.000. Горд сум што моето одделение асистирана репродукција учествува со 20 проценти во оваа бројка“, потеницра д-р Слободан Лазаревски, еден од најпознатите гинеколози и експерти за вештачко оплодување и ин витро постапка.
Според гинекологот д-р Гордана Петровска ова е огромен успех на првото приватно најголемо родилиште во земјава.
“Врвните професионалци со визија и мисија го покажаа резултатот. Бремените жени, новороденчињата кај нас имаат светски услови и стандарди“, изјави д-р Петровска.
Пишува: Сашка Милошевска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СИ-ЕН-ЕН: АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ ПРЕДУПРЕДУВА ЗА МОЖЕН ИРАНСКИ…
Американските разузнавачки служби располагаат со информации кои…
Инстант лоз „Мега милионер“ – гребни ја…
Во понудата на инстант лозови на Државна…
ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ СООБРАЌАЈ ВО ВАШИНГТОН ПРИВРЕМЕНО ЗАПРЕН: Амтрак…
Американската железничка компанија „Амтрак“ (Amtrak) привремено го…
НОВ ХАОС НА АМЕРИКАНСКИТЕ АЕРОДРОМИ: Падна системот…
Американската авиокомпанија United Airlines потврди дека се…
ДЕМОКРАТИТЕ ПОДГОТВУВААТ ГОЛЕМ УДАР ВРЗ ТРАМП: Се…
Американскиот претседател Доналд Трамп се соочува со…