(Видео) „Во хибридна војна сме“: Рама уверува дека проектот на зетот на Трамп ќе се гради
Премиерот на Албанија, Еди Рама,реагираше преку објава на социјалните мрежи на протестот поради проектите во Зврнец и Сазан, опишувајќи ги протестите против нив како поттикнати од „имагинарни предавници“, „имагинарни проекти“ и неосновани тврдења за штета на природата, пренесуваат албанските медиуми.
И албанските власти започнаа истрага за проект за луксузен одморалиште вреден 1,5 милијарди долари поврзан со брачниот пар Џаред Кушнер и Иванка Трамп, зет и ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп.
Во својата објава, Рама остро ги критикуваше учесниците во неодамнешните протести, меѓу кои и блогери, инфлуенсери и активисти, обвинувајќи ги дека ја користат каузата за заштита на животната средина за други интереси и за да привлечат внимание на социјалните мрежи.
„Албанија нема да остане заложник. Проектот ќе биде реализиран без оглед на противењата, бидејќи е инвестиција од стратешко значење за Албанија. Тоа е големо добро за нашата економија, голем благослов за Валона и историски исчекор за туристичка и европска Албанија“, рече Рама.
Тој додаде дека дел од противниците на проектот имаат различни мотиви, почнувајќи од геополитички и економски интереси, па сѐ до „желба за поголема видливост на социјалните мрежи“.
Инвеститорите, нагласи Рама, се двајца познати катарски бизнисмени и немаат никаква поврзаност со Израел, како што тврдат некои критичари.
Тој предупреди дека веќе се појавиле првите сигнали за откажување туристички резервации во Саранда, Валона, Химара и други туристички центри на југот од земјата.
„Доколку се создаде впечаток дека цела Албанија е во превирања, можеме да изгубиме значителен број туристи ова лето, а тоа директно ќе ги погоди малите бизниси и семејствата кои живеат од туризмот“, посочи Рама.
Според албанскиот премиер, додека демонстрантите зборуваат за заштита на природата и фламингата, тие користат навредлив и омаловажувачки јазик кон граѓаните кои имаат различни мислења.
Рама објави и неколку коментари кои, според него, биле насочени кон поддржувачите на социјалистите во Елбасан, тврдејќи дека тие покажуваат дека протестите го изгубиле еколошкиот карактер за кој тврдат дека го имаат
Тој рече дека проектите во Зврнец и на островот Сазан ќе продолжат според планот и нема да бидат запрени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Во хибридна војна сме“: Рама уверува…
Премиерот на Албанија, Еди Рама,реагираше преку објава…
Нетанјаху: Иран и Хезболах се послаби од…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху порача дека Израел…
Цените на нафтата нагло пораснаа, доларот стагнира
Цените на нафтата повторно се над 100…
Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти…
Десет милијарди евра во капитални инфраструктурни проекти…
Инцидент над Медитеранот: Турски борбени авиони Ф-16…
Доаѓањето на европските министри за одбрана на…