(Видео) Врсничко насилство во Штип – девојче е тепано со месеци
Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави видео снимка на која се гледа насилство врз дете.
Таа посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип, а на снимката е прикажано како девојче е удирано со тупаници и шлаканици по главата и телото, но и клоцано додека лежи на земја.
„Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен надзор од страна на ЦСР’, судот процени дека мерката е строга, па изрече ‘Засилен надзор од страна на родител’ (пресмешно). Предметот е во жалбена постапка. За кривично дело ‘Запуштање и малтретирање на дете’ беа отфрлени кривичните пријави, за по жалба да биде вратен предметот на повторно одлучување. Поентата ми е како институциите гледаат на овој проблем. Слично како со семејното насилство. Изгледа треба да се случи ‘Рибникар’, за да се разбудат, како што се разбудија за семејно насилство по случајот ‘Ивана и Катја’“, вели адвокатката Маја Ристова.
Според наводите, насилството се случувало на повеќе локации во градот.
МВР по службена должност поднело кривична пријава до Обвинителството против малолетниците, кое води постапка пред суд за кривичните дела „насилство врз дете“ и „неовластено снимање“ против децата кои учествувале во нападите и ги снимале насилничките сцени.
Засега, одговорност од родителите не е побарана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Пулс“ не бил кабаре, туку диско-клуб, а…
Сите градежни зафати во објектот биле изведени…
АД ЕСМ потпиша договор со косовски KEK…
По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни…
Детали за сообраќајката во Ласкарци: автомобил удрил…
На автопатот Скопје-Тетово, кај Ласкарци, се случила…
Брачен пар загина во пожар на островот…
Возрасен брачен пар загина во пожарите на…
Македонија официјално потврди присуство на Евровизија 2027…
Македонија и официјално го потврдила своето враќање…