Објавено на:

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира дека избегал од Србија

t

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што ги демантираше информациите дека избегал од земјата и остро ги нападна оние што објавија дека авионот со кој патувал бил вратен во Белград поради проблеми со безбедносната проверка.

Вулин, кој е претседател на Движењето на социјалистите, објави видео на Инстаграм со порака дека пристигнал во Москва.

Во видеото тој тврди дека не избегал од Србија и дека никогаш не би ја напуштил земјата без своето семејство. Притоа ги критикуваше медиумите што објавија дека авионот со кој патувал бил вратен на белградскиот аеродром поради тоа што тој не ја поминал безбедносната проверка.

„Можеш да одиш на натпревар без своите синови, но не можеш да живееш без нив. Исто како што не можеш да живееш без Србија“, рече Вулин.

Авионот на „Ер Србија“, кој во вторникот вечерта полетал од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ кон Москва, истата вечер бил вратен во Белград.

Според неофицијални информации на порталот „Нова“, причината била тоа што било утврдено дека Вулин не ја поминал безбедносната проверка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…