(Видео) Вучиќ во нова ПР акција: Се пожали дека не му чинел креветот и се снимаше како се бричи
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави ново видео на социјалните мрежи во кое на своите следбеници им ја покажа утринската рутина за време на престојот во населбата Кална, на падините на Стара Планина.
Во видеото, снимено во 6:45 часот, Вучиќ откри дека легнал само половина час по полноќ, а потоа го покажа местото каде што преноќил.
Со насмевка рече дека креветот бил прекраток, па спиел на два споени кревети.
„Феноменално е сè направено“, рече Вучиќ додека го местеше креветот.
Тој додаде и дека поради тоа што немало кабловска телевизија бил „принуден“ да ја гледа Радио-телевизија Србија (РТС).
Потоа ги покажа утринските подготовки, вклучувајќи го бричењето и читањето на материјалите за дневните активности.
„Ги завршив сите утрински обврски, од досадното бричење до читањето на последните подготовки за денешните настани. Ги проверив и аптеките во Белград дали отвориле, иако оние што ги барав сè уште не беа станати“, изјави Вучиќ.
Видеото го заврши со пораката:
„Нема одмор додека трае обнова! Одиме во акција!“, најавувајќи нов работен ден исполнет со теренски активности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран напаѓа американски бази во четири земји…
Иран ги прошири своите одмазднички напади врз…
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
Во судницата во Идризово при Основниот кривичен…
Берзите се тресат- нафтата над 95 долари,…
Светските финансиски пазари повторно се најдоа под…
Кривично ќе се гони скопјанецот кој му…
Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична…
Најмалку две лица повредени во експлозија на…
Полициска операција е во тек на главната…