Објавено на:

(Видео) Вучиќ им го честиташе денот на студентите со маица „И јас сум чаци“

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео во кое им го честита 4-ти април на студентите во маица на која пишува „И јас сум чаци“.

„Како што можете да видите и јас сум во маица на која пишува „И јас сум чаци“. Тие млади момци и девојки се многу похрабри од мене. Спиев во голема и топла соба овде во Софија во хотел, додека тие беа под шатор, ги врне дожд и ветер и се борат толку многу секој ден и секоја вечер, а да не забораваме дека луѓе сакаат да ги напаѓаат преку секој можен начин. Малкумина сакаат да зборуваат за нивната неверојатна борба. Таа е чудесна, тие млади луѓе во Чациленд не бараат ништо од никого, туку само да добијат право на учење и ништо повеќе од тоа. Никого не вознемируваат, никого не блокираат, не вршат терор, единствено што бараат е правото на учење“, истакнал Вучиќ во обраќањето.

Српсиот претседател смета дека ќе влезе во историјата фактот што, како што вели, некои млади луѓе имале храброст да се спротивстават на толпата, се дрзнале да кажат „да, можеби нè има помалку, можеби не напаѓате, но ние имаме свои убедувања“.

„И моќта на убедувањето е секогаш поголема и посилна и поголема од моќта на толпата. Моќта на верувањето, моќта на идејата е она што не води напред. Облеков маица со натпис „и јас сум чаци“, не затоа што мислам дека можам да се споредувам со нив, туку за да ги поддржам и да им кажам колку им се восхитувам. Среќен ден на студентите и на нив и на блокаторите и на сите останати! Сакам да учат, да работат и Србија да биде успешна“, додал шефот на српската држава.

Во последниот период, кампот на „студентите кои сакаат да учат“ бил посетен од бројни функционери на Српската напредна странка, а им се приклучиле и припадници на распуштената Единица за специјални операции (ЕСО), чии команданти биле осудени за воени злосторства и политички ликвидации.

Веќе од првиот ден од кампот, граѓаните на социјалните мрежи објавија дека меѓу студентите препознале членови на Српската напредна партија од нивните месни заедници, за кои тврдат дека не се студенти, туку вработени во јавни претпријатија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неочекуван пресврт во Вашингтон: Трамп најави дека…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…

Мицкоски: За време на владата на Филипче…

Премиерот Христијан Мицкоски во гостување во ТВ…

Нова опасност за светската економија: Иран се…

Глобалната енергетска криза би можела дополнително да…

Тајни енергетски преговори меѓу САД и Русија:…

Додека војната во Украина продолжува, зад дипломатската…

Нова штета на преминот вреден стотици илјади…

Пешачкиот премин „Влајко“ во скопската населба Влае…