(Видео) Гаревски: Одговорно тврдам дека имаме една од најстрогите контроли во Европа – имаме сеизмички стабилни градби

t

Погрешно е толкувањето дека објектите имаат период на експлоатација, има објекти по 300 години кои се сигурни. Ниеден објект во Скопје пред земјотресот не епроектиран на сеизмички сили затоа што немаше сеизмички происи и тоа е чуден феномен затоа што во Југославија имало земјотреси и пред тоа, објаснува во денешната епизода на Тешки муабети професорот Михаил Гаревски.

– Со катастрофата од 63-та година итно се донесоа прописи во 64-та година и оттогаш досега не постои објект кој не е третиан на сеизмички сили. Ниеден инжинер не прерипува да земе сили од ветер и да димензионира, како хоризонтална сила, но ние треба да ги користиме европските прописи за сеизмологија оки се малку поригорозни.

Во врска со проширувањето на тераси и слично во објекти, значи има четири типа на системи во Македнија, прво масивни згради со ѕидови од тула, по 38 сантимерти во приземје се дебели тие објекти, не се многу високи и се најсеизмички непогодни, пукаат во една или две дијагонали и масовното оштетување во Скопје беше од такви објекти.

Карпош 3 и 4 ниедна зграда нема столбови и немаат толку дебели ѕидови и затоа се срушија згради, за среќа имаше добра организација и се санираа тие објекти според прописи.

Сите тие објекти кои требало во Карпош се санирани, е сега ризично е да се надградуваат, а таму многу се надградуваат и тоа не чини.

И во Скопје би имало многу рушења на магнитуда 7,6. Постои опасност кај дивоградбите да се штеди на бетон, челик и слично но 2014. година е донесен Закон за градба кадешто вика дека било кој објект во Македонија кој ќе се гради ќе мора да подлежи на контрола на проектот од страна на научен иснтитут во областа на сеизмички градби, тоа е и мојот институт. Тоа значи следното, до 300 квадрати, сите објекти доаѓаат во ваква научна институција и ние им наоѓаме грешки и општините се многу ригорозни во цела Макеоднија и не издаваат дозвола за градба.

За поголеми објекти од 300 квадрати мора инвеститорите да се викнат уште двапати за да ја контролираат градбата.

Тврдам најодговорно дека од 2014 година досега имаме една од највиоските контроли во Европа, вели Гаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјотрес во Србија!

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според…

Земјотрес утрово ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според…

Земјотрес од 6 степени ја погоди Кина,…

Во разорниот земјотрес што денеска ја погоди…

Земјотрес ја стресе Македонија утринава

Земјотрес утрово е регистриран во Македонија. Според…

Земјотрес во Албанија, почувствуван и на македонска…

Земјотрес со интензитет од 4,2 степени според…