(Видео) Германец се изненадил колку е евтино во Србија: Возел четири часа само поради „најдобрите ќебапи на Балканот“, но сепак ова најмногу го воодушевило

t

Германски јутјубер неодамна ја посетил Србија, својата приказна ја започнал од Белград, а потоа се упатил во Нови Пазар.

„Отсекогаш сакав да одам таму, местото наводно е прилично старо, и сакав да го посетам поради гостопримството, а особено поради добрата храна“, рекол тој и нагласил дека таму би требало да бидат „најдобрите ќебапи на Балканот“.

Изнајмил автомобил и тргнал
„Изнајмувањето автомобил во Србија е навистина евтино. Мислам дека ни требаат четири часа до Нови Пазар, околу шест со автобус, па одлучив да возам“, раскажал тој.

Кога пристигнал, напоменал дека патувањето му било заморно бидејќи возел и по Ибарската магистрала, за која чул дека е опасна поради кривините.

Во видеото тој потоа зборувал за историјата на Нови Пазар, а потоа седнал да ги проба „најдобрите ќебапи на Балканот“.

„Ќебапите беа добри, но не би се заколнал дека се најдобрите кои некогаш сум ги јадел“, ги раскажал своите впечатоци, а потоа посетил и друг ресторан.

Таму повторно јадел ќебапи, бидејќи сакал да ги спореди и по негово мислење вторите биле подобри бидејќи биле многу помеки. Пробал и кисело млеко со ќебапите.

На ред дошле и мантиите, како и пита со сирење, а тој рекол дека вкусот го потсетувал на „стариот добар бурек“.

Особено бил импресиониран од гостопримството и топлината на локалното население. Ја пофалил локалната кујна и ја истакнал важноста од разбирање на различни култури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…