(Видео) Ги апселе за ништо?! Нова снимка покажува како бугарските навивачи дивеат на Градски, маваат со сѐ што им дојде при рака

t

На социјалните мрежи се појави ново видео од дивеењето на бугарските хулигани вчера на стадионот “Тодор Проески”.

Како што можете да забележите на видеото тие се обидуваат да влезат во зградата, внатре е македонската полиција, а навивачите маваат буквално со се што ќе им се најде при рака.

Бугарските медиуми вчера пренесоа дека навивачите биле уапсени “за ништо”, односно дека биле мирни, а македонската полиција ги апсела од националистички побуди, но ова видео го покажува токму спротивното.

Од МВР известија дека во текот на вчерашниот ден 21 лице се приведени, од кои 19 се бугарски навивачи, а двајца од навивачката група Шверцери.

Се случи и инцидент во Чаир во кој беше ранет бугарски државјанин со ладно оружје, истиот е пренесен во болница и е во стабилна состојба.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) „Кобрите“ во последен момент го спречија:…

На социјалните мрежи се шират видеа од…

Тројца навивачи избодени во Германија: Напаѓачот ги…

Тројца навивачи беа избодени со нож во…

(Видео) 50 полицајци повредени за време на…

Околу 50 полицајци се повредени како последица…

СРАМОТА: Одземени знамињата со сонцето од Кутлеш…

Во Националната Арена „Тоше Проески“ вечерва ќе…

Петмина Бугари обвинети во Британија за шпионажа…

Петмина Бугари се обвинети во Велика Британија…