(Видео) Голема акција во Албанија: Уапсени 233 дилери, продавале дрога во близина на училишта!
Според нивните изјави, се трага по уште 82 лица. Истиот ден беа одобрени решенија за претрес на 356 објекти.
Според директорот на државната полиција, Мухамет Румбулаку, во рамките на оваа акција биле погодени 23 криминални групи.
– Дваесет и три криминални групи вклучени во дистрибуција на наркотици во близина на училишта во простории и станбени блокови беа погодени во рамките на акцијата со кодно име Темпули. Станува збор за наркотици како кокаин, хероин, канабис, а има и огнено и ладно оружје. Акцијата беше проширена во Тирана, Драч, Корча, Елбасан и Валона – рече тој.
Министерот за внатрешни работи на Албанија, Таулант Бала, како алармантен го оцени фактот што сѐ поголем број млади луѓе користат опојни материи.
– Употребата на дрога кај младите се зголемува, а се намалува и возраста на оние кои првпат употребуваат дроги, почнувајќи од училиште. Зголемена е и употребата на синтетички дроги. И денеска при полициската акција беше откриена дрога која претходно ни беше непозната во Албанија. Ова е еден вид аларм за институциите. Родителите и општеството мора заедно да реагираат – рече министерот.
Бала најави нов план за безбедносни мерки во училиштата. Според неговите зборови, Министерството за внатрешни работи е посветено да ја продолжи оваа борба. Тој побара институциите, училиштата, семејствата и граѓанското општество да се здружат во превенцијата од употребата на дроги.
– На терен ќе има конкретни мерки за елиминирање на заканата по јавното здравје и безбедност од употреба на дрога. Ќе направиме сѐ за да спречиме криминалните групи да се приближуваат до училиштата во рамките на безбедносните граници – изјави Бала и најави дека наскоро ќе бидат објавени предлози за измени на Кривичниот законик со кои ќе се удвои казната за кривичните дела што се случуваат во близина на училиштата, објави ТВ Клан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шест активни пожари низ Македонија
На ден 25.08.2026 година, до 13:00 часот,…
Јаневска: Намалувањето на ученичката кошничка е добра…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска,…
Пожар кај Градско, пренасочени ер-тракторите од Китка
Пожар избил денеска на територијата на Општина…
Лефков: Грижата на талогот од СДС и…
Венко Филипче како прв човек на СДС,…
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…