(Видео) Голема колку Британија, богата како Перу, силна колку Грција: Како би изгледала Југославија во денешно време?
Каква, колкава и колку моќна би била Југославија во денешно време? Ова прашање сигурно сте си го поставиле барем еднаш во животот, особено ако сте дел од генерациите коишто се родиле и коишто живееле во времето пред распадот.
Сега на интернет се појави едно многу интересно видео, односно темелна анализа фино стокмена во неколку минути, која одговара токму на тоа прашање.
Денешната Југославија би зафатила површина од 255.880 километри квадратни и нејзината големина би била колку денешна Велика Британија или Габон.
Во денешна Југославија, БДП-то би изнесувало 232.62 милијарди долари, а тоа значи дека би била богата колку Перу или Казахстан.
Главен град на денешна Југославија би бил Белград, а вкупната популација на целата држава би изнесувала над 21 милиони луѓе. Според бројот на жители, Југославија би наликувала на денешна Шри Ланка или на Нигер.
Кога станува збор за воена моќ, денешна Југославија би била на 27-то место на листата на светските сили, односно би наликувала на денешна Грција или Виетнам.
Во продолжение, погледнете го видеото и уживајте:
@world_source Bes in Sports? #foryourpage #foryou #fyp #viral ♬ original sound – world_source
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…