(Видео) Голема полициска акција на Скопска Црна Гора: Уaпсени 10 дрвокрадци, запленети 400 кубици дрво
Во голема полициска акција на Скопска Црна Гора запленети 400 кубици бесправно исечено огревно дрво, приведени 10 дрвокрадци.
На 19.09. и 20.09.2023 на место викано Рамно на планината Скопска Црна Гора, во заедничка акција на Одделот за криминалистичка полиција, Единицата за брзо распоредување при Одделот за специјални полициски операции, СВР Скопје, Шумска полиција и Јавното претпријатие „Национални шуми“, од слобода биле лишени С.А.(28), Р.А.(22), Џ.А.(24), Е.А.(37), Б.С.(39), Д.А.(51), Ќ.А.(53), С.А.(47), Џ.С.(34), сите од с.Брест и Б.М.(27) од с.Арачиново, скопско.
Лицата биле затекнати на местото при бесправна сеча на дрва и притоа биле пронајдени околу 400 кубни метри исечено огревно дрво. На местото биле пронајдени четири товарни возила натоварени со огревно дрво, едно патничко возило, три моторни пили и други предмети кои биле користени за сеча на дрвата. Возилата, дрвата и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка, а лицата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против лицата ќе биде поднесена кривична пријава по член 226 од Кривичниот законик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ЧАСОВНИКОТ ОТЧУКУВА“: БОМБАШКИ ЗАКАНИ ПРЕДИЗВИКАА ХАОС ВО…
Нов бран закани за поставени експлозивни направи…
ФИНАНСИСКИ ПОТРЕС НА ВОЛСТРИТ: За еден ден…
Американските финансиски пазари се соочуваат со нов…
ТРАМП ПРИЗНА ДЕКА ВОЈНАТА СО ИРАН ВЛИЈАЕЛА…
Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека војната…
НОВ БРАН ЗАКАНИ СО БОМБИ НИЗ ЕВРОПА:…
Нов бран закани со поставени експлозивни направи…
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…