(Видео) Голема провокација и повод за војна: Погоден руски граничен пункт од украинската армија

t

Невидена провокација од украинска страна утринава, според информации на Руската информативна агенција погодена е руска територија од Украинска страна и уништена е зграда на Федералното биро за безбедност скратено ФСБ.

Некаде околу 9 и 40 часот проектил истрелан од украинската армија го погодил контролниот пункт на граничната служба ФСБ во Ростовската област, а зградата е целосно уништена.

Во моментов руската армија е на терен онеспособувајќи ги неексплодираните проектили.

Да потсетиме дека во текот на целата вечер се случуваа препукувања помеѓу украинската армија и руските сепаратисти во Донбас, а во претрелката загинаа повеќе од 5 лица.

Дали нападот на руската територија ќе биде причина за инволвирање на Русија во конфликтот во Донбас останува да видиме.

Во моментов рускиот претседател Владимир Путин итно го свика Советот за безбедност, а Макрон повика на самит Путин – Џо Бајден со цел спречување на ескалација на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис: Солун ќе биде новата престолнина на…

Солун има амбиција да добие нова улога…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…

Шведски државјанин уапсен на Табановце, возел со…

На граничниот премин Табановце, на излез од…

Во Куманово уапсен државјанин на Канада, полицијата…

Полицијата од Куманово ноќеска половина час по…

Бронзен медал за Миљана Рељиќ на СП…

Нашата најдобра спортистка за 2024 таеквондистката Милијана…