(Видео) Големи контроли во ноќни клубови во Куманово и Прилеп
Акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип, затекнати 17 малолетници по полноќ, констатирани повеќе прекршоци
На 11/12.06.2022 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност (Оддел за криминалистичка полиција, Оддел за униформирана полиција и Оддел за специјални полициски операции) во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола на подрачјата на ОВР Прилеп, СВР Куманово и ОВР Пробиштип.
Од спроведената контрола во угостителски објект во Прилеп констатирано е присуство на 17 малолетници после полноќ, спротивно на законот, две лица кои не носеле документ за лична идентификација се приведени во полициска станица заради утврдување на идентитетот, а од страна на Државен пазарен инспекторат констатирано е дека во објектот работат непријавени лица, при што бил затекнат при работа и малолетник. За објектот ќе следи соодветна санкција за непочитување на Законот за работни односи.
ри спроведената акциска контрола на подрачјето во Куманово, исто така, констатирани се две неправилности од страна на Државниот пазарен инспекторат за вршење на нерегистрирана дејност кои ќе бидат соодветно санкционирани, а на подрачјето на Пробиштип едно лице вработено како обезбедување, кое било без документ за идентификација, е приведено во полициска станица заради утврдување на неговиот идентитет, додека од страна на Државниот инспекторат за труд констатирани се три неправилности од Законот за инспекција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…
Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…
Во Хрватска е уапсен е градежен работник…
Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…
360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…
Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…
Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…
Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…
Мицкоски за инвестициите во дата центри: Ние…
Се обидуваме да ја развиваме државата, да…