Објавено на:

(Видео) ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ ВО ГРЦИЈА! Вклучен црвен аларм!

t

Грчките острови Киклади се соочуваат со тешки временски услови, со црвен аларм на сила до утре наутро, соопшти владата.

Целосна забрана за сообраќај е на сила на сите патишта на грчкиот остров Парос, објави грчкото издание „Катимерини“. Властите во Грција издадоа итна тревога преку системот за итни пораки 112, предупредувајќи ги жителите да избегнуваат патување. За време на забраната е дозволено да се движат само возила за итни случаи.

Видео снимката од островското село Науса покажува дека автомобилите и корпите за ѓубре се расфрлани, додека улиците биле поплавени од поројните дождови.

Екстремното време кое се карактеризира со обилни врнежи од дожд и грмежи се очекува да се интензивира во источниот дел од земјата, особено да ги погоди островите во Егејското Море. Властите ги повикаа жителите да останат внатре и да бидат внимателни додека невремето напредува.

Невремето од вечерва до вторник навечер ќе ги зафати и островите во источниот дел на Егејското Море, вклучувајќи ги Самос, Икарија и Хиос.

Атика, Тесалија и Евија во вторник ќе бидат поплавени со обилни врнежи од дожд.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…