(Видео) Големи протести во Словачка против американските бази: Драма во парламентот, украинското знаме полеано со вода
Словачката претседателка Зузана Чапутова, заедно со лидерот на владејачката коалиција Игор Матовиќ и министерот за одбрана Јарослав Нада, претходно ветија дека доколку некогаш се постигне договор со вооружените сили на САД, тогаш во земјата мора да се одржи референдум, а дури по референдум може парламентот да го ратификува договорот .
Меѓутоа, властите во Словачка го погазија зборот и и дозволија на американската армија да користи воени аеродроми со загарантиран целосен имунитет за војниците.
Тоа значи дека американските вооружени сили можат да донесат секаков вид оружје на територијата на Словачка, вклучително и нуклеарно оружје, без верификација од словачката полиција и армија. Исто така, припадниците на американската армија се ослободуваат од сите криминални и материјални одговорности.
Проамериканскиот ТВ канал „Маркиз“ наведе дека дури 66 отсто од Словаците се против такви договори со вооружените сили на други земји.
Членовите на владејачката коалиција не му дозволија на словачкиот врховен обвинител да зборува, бидејќи во јавноста е познат како силен противник на ваквите политички потези/
Во салата на словачкиот парламент десничарите го истакнаа државното знаме на Словачка, додека прозападните пратеници го истакнаа знамето на Украина, но не забележаа дека го свртеа наопаку, додека десничари објаснија дека тоа не беше редот на боите на украинското знаме. Пратениците на либералите со украинско знаме прво беа полеани со вода, а конечно им беше одземено знамето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија 13 случаи на Западнонилска треска
Од почетокот на сезоната на комарци, повеќе…
Трамп побара Иран да плати отштета за…
Преговорите за деблокирање на Ормутскиот теснец ненадејно…
СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Километарски колони на…
Километарски колони возила се создадени вечерва на…
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…
Вкупно 15 пожари на отворен простор се…