(Видео) Големото невреме однесе цел камп во Царево: Со јаже Бугарите вадеа автомобили од Црното Море

t

Автомобилите и камперите во бугарското туристичко место Царево завршиле во морето по силното невреме што го зафати и брегот на Црното Море. На социјалните мрежи објавени се снимки како луѓето се обидуваат да ги спасат автомобилите однесени во разбранетото море.

Властите прогласија вонредна состојба во Царево откако реката Велека се излеа од коритата и побараа граѓаните да се преселат на повисоките катови од хотелот.

Во летувалиштето Синеморец прекинато е снабдувањето со електрична енергија, а помалото село Кости е евакуирано.

Бугарскиот премиер Николај Денков изјави дека две лица загинале, а три се водат за исчезнати во поплавите во јужниот дел од црноморското крајбрежје Излеаните реки оштетија патишта и мостови и предизвикаа прекини на електричната енергија, а бугарските власти ги предупредија жителите на областа да не пијат вода од чешмите.

Силните ветрови создадоа бранови високи два метри кои ги преплавија туристичките места. Обилните дождови поплавија улици и куќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тригодишно девојче тешко повредено во лифт во…

МВР информира дека синоќа во 20:00 часот…

ЕУ испраќа претставници во Кина за да…

Група претставници на ЕУ во наредните денови…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Владата ги намалува цените на училишниот прибор…

Уапсен е македонски државјанин во Србија, понудил…

Припадници на Министерството за внатрешни работи на…

Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…

Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…