(Видео) Големо невреме го зафати Куманово: Летаа кровови на згради, улиците поплавени!
Пороен дожд од 38 литри по квадратен метар, проследен со грмежи, ситен град и силен ветер попладнево го зафати Куманово. Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи пријавена е падната метална конструкција на булеварот Трета Македонска ударна бригада, паднат покрив на зграда на улица Тоде Думба, на неколку локации немало електрична енергија.
По невремето, екипите на ЈП „Чистота и зеленило“ за итни интервенции веднаш започнаа со расчистување и санирање на последиците. На фотографиите можат да се видат паднат поголеми и помали дрвја. Екипите се на неколку локации во Куманово, вклучително и на булеварот Октомвриска револуција каде ги чистат затнатите канали и наноси.
И покрај дождот имало неколку пожари од помал обем во Кумановско, а во РЦУК Куманово имало пријави за два одрона во рурални средини, едниот во Липковско, вториот во Старо Нагоричане.
Поинтензивни врнежи попладнево освен во Куманово имаше и во Пробиштип, Кратово, како и во подрачјето помеѓу Штип и Свети Николе. И до крајот на денот ќе преовладува променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…
Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…
Словачките лекари му забранија на Фицо да…
Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…
Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…
Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…
Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…
Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…
Дел од улиците и булеварите во Скопје…