(Видео) Големо невреме ја зафати Европа: Има мртви и повредени, милиони се без струја

t

Во невремето Киаран, кое ја зафати Западна и Централна Европа, загинаа неколку лица, неколку милиони домаќинства останаа без струја и беше причинета голема материјална штета.
На северот на Франција, возач на камион загина откако невреме собори стебло од дрво кое паднало врз неговата кабина, а најмалку 16 лица се повредени во невремето во Франција.

Делови од Бретања и Нормандија се под црвена тревога поради силни ветрови, а остатокот од северозападниот дел е под портокалова тревога, соопштија властите, додека Ројтерс јавува дека повеќе од милион домови се без струја.

Во Гент, Белгија, едно лице загинало кога дрво паднало врз нив поради бурните ветрови, а истото се случило и на југот на Холандија, каде исто така едно лице било удрено од дрво.
Локалните власти во Белгија ги предупредија жителите да не одат во близина на зелените површини поради страв од паѓање на дрвја

На друго место во Европа поради невремето животот го загубија најмалку пет лица.
Холандската авиокомпанија KLM ги откажа сите летови што поаѓаат и пристигнуваат во Холандија од рано попладне до крајот на денот, поради високите брзини на ветерот и силните налети кои се очекуваат во земјата.

Во Шпанија, каде што невремето зафати поголем дел од земјата со силен дожд и силен ветер, службите за итни случаи во Мадрид соопштија дека една жена загинала откако дрво паднало врз неа, а уште тројца биле полесно повредени во инцидент на улица во центарот на градот.

Парковите во главниот град и другите шпански градови беа затворени, а откажани се и неколку возови и летови.

За брегот на Северното Море во Германија е издадено предупредување за невреме, а за дел од брегот на Балтичкото Море е издадено предупредување за силен ветер.
Илјадници луѓе останаа без струја и во Британија, каде силните ветрови дуваа покриви од згради и уриваа дрвја.
Стотици училишта беа затворени во крајбрежните населби во југозападниот дел на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ за изјавата на Силјановска: Несреќен настап…

Европската Унија очекува од новите власти во…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот и…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот,…

Матарела: ЕУ минува низ најтешкиот период од…

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека…

Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата…

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…