Објавено на:

(Видео) Голем верижен судир во Илиноис: Има и жртви!

t

Шест лица загинаа, а 30 се повредени во верижен судар во кој учествувале десетина возила на автопат во американската сојузна држава Илиноис.

Помеѓу 40 и 60 автомобили и околу 20 комерцијални возила, вклучително и бројни камиони со приколки, учествуваа во сообраќајна несреќа на меѓудржавниот автопат 55 во понеделникот попладне, изјави полициски претставник.

Два камиона се запалиле како последица на судирот.

Околу триесет повредени лица се пренесени во локалните болници, а неколку лица починале, рече официјалниот претставник.

Како што нагласи полицијата, проблемот го предизвикал силен ветер кој од земјоделските ниви дувал кал на автопатот, што резултирало со нулта видливост. Тој дел од автопатот неколку часа бил затворен во двата правци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најмалку 17 повредени во судир на два…

Најмалку 17 лица се повредени во судир…

Ужас во Илиноис: Преку 2.000 деца биле…

Во Илиноис, во изминатите 70 години, 451…

(Видео) Голем верижен судир во Илиноис: Има…

Шест лица загинаа, а 30 се повредени…

(Видео) 3aбегана paбота – голем ckaндал ја…

Родителите во Илиноис беа шокирани кога открија…

Се cyдриja брод на британската морнарица и…

Во северниот дел на Атлантикот денеска се…