(Видео) Голем пожар во близина на Атина
Шумски пожар зафати област во близина на Атина и оштети куќи и автомобили, соопштија пожарникарите.
Носен од силен ветер, пожарот брзо се прошири на падините на планината Химетус, лоцирана во близина на грчката престолнина. Облаци од чад може да се забележат над јужните предградија.
Како мерка на претпазливост, цивилната заштита евакуира делови од регионите Вула и Глифада, на околу 20 километри од центарот на Атина. Очевидец рече дека видел најмалку две куќи тешко оштетени во пожарот.
„Поради силниот северен ветер, пожарот брзо се шири и се приближува до градот“, изјави портпаролот на пожарникар Јанис Артопиос. „Ги повикуваме граѓаните да бидат многу внимателни“, додаде тој.
Повеќе од 130 пожарникари со помош на 6 канадери и 4 хеликоптери исфрлиле тони вода во обид да го изгаснат пожарот. Бројните шумски пожари минатата година опустошија околу 300.000 хектари шума и грмушки во различни делови на Грција, поради најтешката суша во последните 30 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…