Објавено на:

(Видео) Голем пожар во затвор во Тексас, евакуирани 650 затвореници

t

Голем пожар утринава избувна во затвор во американската држава Тексас, поради што се евакуирани повеќе од 650 затвореници.

Затворските власти наведуваат дека во огнената стихија нема повредени.

-Затворениците се преместени во други делови од затворот во Хантсвил, на околу 105 километри северно од Хјустон – изјави Аманда Хернандез портпаролка на Одделот за извршување кривични санкции во Тексас.

Соопштено е дека пожарот ги зафатил поткровјето и третиот кат од управната зграда и поткровјето на одделението во кое се сместени затворениците.

-Пожарот беше локализиран во текот на утрото, но пожарникарите сè уште гаснат мали жаришта во некои простории – изјави шефот на противпожарната служба на Хантсвил.

-Причината за пожарот ќе биде истражена откако тој ќе биде целосно изгаснат –  рече Хернандез.

Затворот Хантсвил е изграден во 1849 година и има капацитет за 1.700 затвореници, додека во моментов казната ја отслужуваат околу 1.600 лица.

Во затворот се извршуваат и смртни казни на осудени затвореници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласањето на затворениците, болните и дијаспората почна…

Вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници во…

(Видео) Сега ќе го видиш Исус! Маж…

Човекот од Тексас кој ја уби сопругата…

Гувернерот на Тексас: Подготвен сум за конфликт…

Гувернерот на американската сојузна држава Тексас, Грег…

ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ИМ ПРИРЕДИЛЕ ПЕКОЛ – осомничените ги…

Таткото и останатите осомничени за киднапирањето и…

Американската држава Тексас го тужи Фајзер поради…

Фармацевтскиот гигант ја измами јавноста за ефикасноста…