(Видео) ГОЛЕМ ПОЖАР во фабрика во Кавадарци
Пожар вечерва зафати фабрика во Кавадарци, јавуваат читатели на Инфомакс. Како што велат кавадарчани пожарот траел околу два часа, но бил изгасен благодарение на брзата реакција на пожарникарите.
За пожарот на Фејсбук информации сподели и градоначалникот Митко Јанчев.
– Голем пожар во фабриката Ником.
Службите на ТППЕ Кавадарци во полн состав од 30 пожарникари на терен напорно интервенираат со цел пожарот што побргу да се стави под контрола и целосно да се изгасне.
Дополнително интервенираат и екипи на ЈП Комуналец, Голд Никел и ШС Бор, како и екипи од Велес и Неготино. – напиша Јанчев на Фејсбук.
Засега нема информации за причините за пожарот и дали има повредени луѓе.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…