Објавено на:

(Видео) ГОЛЕМ ПОЖАР на Шар Планина од косовска страна – огнот се доближува до населба!

t

Пожарот што со денови беснее во градот Превалац во националниот парк „Шар планина“ од косовска страна се прошири и на зимзелената шума на само стотина метри над населбата.
Противпожарните екипи се на терен, а надлежните нагласуваат дека ситуацијата е критична, но дека нема причина за загриженост, јавува порталот „Косово онлајн“.

Покрај противпожарните единици, на терен има и возила на брза помош и амбулантни возила и возила на косовската полиција. Директорот за вонредни ситуации и безбедност Рамиза Шаља изјави дека моментално на теренот учествуваат 70 лица во гаснењето на пожарот и дека нема причина за загриженост.


„Штабот за вонредни ситуации од вчера е на терен и ги презедовме сите дејствија за гаснење на пожарот, на местата каде што беше неопходно пожарникарите го изгаснаа пожарот. „Поради непристапниот терен пожарот на некои места не успеавме да го изгасиме, поради што се прошири и на други делови“, рече таа и додаде дека помош пружиле и општините Приштина, Ѓаковица и Урошевац.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жител на шарпланинско село во Косово е…

Полицијата на Косово соопшти детали за апсењето…

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеничка фрлаше…

Конститутивната седница на Собранието на Косово денес…

Косовски државјанин „летал“ со 220 км/ч на…

Косовски државјанин е лишен од слобода откако…

Поранешен полицаец во Косово осуден на 10…

Основниот суд во Приштина денес осуди поранешен…

ЦУК: Активни се четири пожари

Активни се четири од 14 регистрирани пожари…