(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации од неексплодирани убојни средства од Втората светска војна

t

На социјалната мрежа Х се појавија видеа од пожар во близина на Богданци, каде што гори борова шума, а голем облак од чад и пламени јазици се издигаат високо.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, објави видео од местото на пожарот и изјави дека огнот не загрозува населени места, плинари или бензинска пумпа, но предизвикал голема вознемиреност кај локалното население.

Ангелов, заедно со командирот на доброволното противпожарно друштво од Валандово, Ѓорѓе Илиев, информира дека пожарот трае веќе два дена и зафатил делови во близина на ветерниот парк кај Богданци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Mирен протест во Богданци во чест на…

Мирен протест под пораката „Стоп за фемицидот“…

Осомничениот за убиството на 17-годишното девојче во…

17-годишното девојче во Богданци било убиено, а…

Ја убил 17 годишната девојка во Богданци,…

Изгореното безживотно тело кое вчера било пронајдено…

(Видео) Огнови целосно го проголтаа патот Штип-Кочани

Голем пожар избувна вечерва долж екпресниот пат…