(Видео) Граѓаните не му веруваат на ниту еден политичар, мислат дека немаат алтернатива – Наместо од избори за избори да мислат на генерациите што доаѓаат!

t

Во денешната епизода на Тешки муабети се зборуваше за мислењето на граѓаните за политичарите и политичките партии. Александар Митовски објасни дека е поразително што граѓаните мислат дека во политичарите немаат алтернатива.

“Има спроведено ИРИ мислам дека анкета, поразително не е само што граѓаните мислат дека државата оди во погрешна насока, поразително е тоа што граѓаните мислат дека немаат алтернатива.

Има конкретно прашање дали им верувате на политичарите, одговорот е НЕ. 45% од анкетираните не веруваат во ниту еден политичар. Заклучок е дека нема алтернатива според луѓето.” – објасни Митовски.

Политичарите да не мислат од избори за избори туку за генерации. Демократијата ја сфаќаме похгрешно, во Америка се менуваат власти ама политиката на државата е иста, кај нас не е… – заклучи Милош Милошевски.

Погледнете ја емисијата на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1634614823565983&notif_id=1649618110098493&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ