(Видео) Грилиш „уловен“ како не може да стои на нозе во Дубаи
Фудбалерот на Манчестер сити, Џек Грилиш, неочекувано испадна од списокот репрезентативци кои ќе ја претставуваат Англија на ЕП 2024 во Германија (14 јуни-14 јули), што очигледно тешко му падна па утехата ја побара во порокот што многу добро го познава – алкохолот.
Тој беше „уловен“ во Дубаи како едвај стои на нозе и како добива помош за да не падне излегувајќи од хотел, по низата луди забави на кои се обиде да го заборави понижувањето од селекторот Герет Саутгејт.
Грилиш беше во центарот на вниманието на јавноста по двете последни шампионски титули на „граѓаните“, кога буквално низ целиот свет беше сниман како лудо се забавува со литри алкохол, од кој потоа буквално не личеше на самиот себе.
https://x.com/TheSunFootball/status/1800206821463904562?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1800206821463904562%7Ctwgr%5E95855e926d19d512e74c9907f013a5c0901a7e48%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Ffudbal%2Fuefa%2Falkoholot-lechi-sje-grilish-uloven-kako-ne-mozhe-da-stoi-na-noze-vo-dubai-video
извор; sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан 29-годишник дивеел во полициска станица: Откако…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе…
Поднесено обвинение против Ендрју Тејт за трговија…
Романските обвинители денеска поднесоа обвинение против инфлуенсерот…
Млад кавадарчанец со фалсификувано свидетелство од скопско…
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци…
Вучиќ: Подготвен сум да бидам премиер
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека се…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…
Бројот на рецепти за лекови за слабеење…