(Видео) Гробиштата на Вагнер во Русија се уништени?
Деновиве на социјалните мрежи се шират видеа, според кои гробиштата на загинатите борци на Вагнер во Русија се уништени.
Поддржувачите на Вагнер тврдат дека гробовите на борците на оваа група биле оштетени.
„Ова е богохулство. Луѓето гинеа за Русија, а вие им ги срамнивте сите гробови“, изјави човек облечен во маица од групата Вагнер.
Видеото е направено на гробиштата во селото Николаевка во областа Самара во Русија.
Видеото потоа покажува куп крстови, а бројот 2023 испишан на плочите. Но, овие наводи не може самостојно да се потврдат.
Денеска се појави видео кое укажува дека гробиштата се запалени.
Русија денеска официјално потврди дека водачот на Вагнер, Евгениј Пригожин е меѓу загинатите во авионската несреќа која се случи во средата близу Москва.
https://twitter.com/DanaSLJL/status/1695847038083338550?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1695847038083338550%7Ctwgr%5E995ab25bd383ae2a97bc4b5c4d00de648b243dcf%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Ffaktor.mk%2Fgrobishtata-na-vagner-vo-rusija-se-unishteni
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МАЛОЛЕТНИК ОСОМНИЧЕН ЗА НАПАД ВРЗ СОПСТВЕНАТА БАБА:…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе…
Лавров пред ОН: Русија нема да направи…
Русија нема да прави „пауза“ во војната…
Американски извор: Вашингтон одбил да ја укине…
САД го одбиле иранското барање за укинување…
Манчевски: Стравот од дата центрите е застарен,…
Дата центрите не се мистериозни постројки што…
Вработени кои се на боледување се сликаат…
Министерот за здравство Сашо Клековски по реакциите…