Објавено на:

(Видео) Група малолетници со петарди запалиле дрво и предизвикале пожар во Капиштец

t

Жителите на Капиштец повторно алармираат за проблемот со пукањето пиротехнички средства во населбата, а според објавата на фејсбук-страницата „За пристоен Капиштец“, синоќа петарди предизвикале пожар во паркот.Како што наведуваат жителите, група малолетници и помлади лица секојдневно користат пиротехнички средства, поради што повеќепати го пријавувале случајот во полиција. Според нив, досега немало навремена реакција.

Во текот на ноќта, при пукање петарди, било запалено дрво во паркот „Капиштец“. Жителите велат дека постоела опасност огнот да се прошири кон околните згради и трафостаници.

Тие апелираат до надлежните институции да реагираат и да го пронајдат лицето кое го предизвикало пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп вети пет илјади долари за секој…

Американскиот претседател, Доналд Трамп, повторно им вети…

Тепачка меѓу навивачите на Работнички и МЗТ…

Физичка пресметка меѓу навивачките групи „Сити Парк…

Техеран тврди: Саудискиот министер за одбрана предупредил…

Иранскиот шеф за национална безбедност, Мохсен Резаи,…

Тврдења за обид да се спречи слетувањето…

Во Полска се појавија медиумски тврдења дека…

Масовна тепачка пред СЦ „Јане Сандански“во Аеродром,…

Масовна тепачка вечерва се случила на крстосницата…