(Видео) Грци го хакирале македонското министерство за образование: Имале пристап до секоја камера и сите податоци – ова се деталите

t

Група на грчки хакери кои себе си се претставуват како „Моќната грчка армија“ пред 2 дена го хакирале македонското министерство за образование.

Досега од министерството за образование нема никакви податоци за хакерскиот напад, ниту за тоа дали некои фајл е уништен или корумпиран и дали можеби хакерскиот напад се уште е во тек.

Од она што го споделува профилот на Твитер „Моќна грчка армија“ хакерскиот напад бил пренесуван во живо од страна на грчките хакери, а онлајн може да се најде поголема база со податоци која редакцијата на Инфомакс не ја отвори од разбирливи причини.

Веројатно грчките хакери во моментов имаат пристап до личните податоци на голем број македонски граѓани, но и клучни информации со кои располага македонското министерство за образование.

Внимателно со линкот на кој се споделуваат информациите од хакирањето бидејќи истиот може да му наштети на вашиот компјутер и мобилен телефон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албански медиуми: Изборниот тек во Македонија во…

Албанските медиуми контунирано информираат за денешниот прв…

Излезеноста до 13 часот е 24,92%

Излезеноста на претседателските избори до 13 часот…

Западен Балкан е сѐ поблиску до ЕУ,…

На 1 мај 2004 година мојот претходник…

(Фото) Агелер будно го следи изборниот процес…

Денес нека се слушне вашиот глас и…

Нема поголеми нарушувања или инциденти досега во…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Митко…