(Видео) Грчката претседателка се сретна со Зеленски: Ни треба единство и соработка, Грција ја поддржува Украина!
„Во овој момент на сите ни треба максимално единство и соработка. Само заедно можеме на Европа да ѝ ја вратиме безбедноста и да гарантираме мир“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи по средбата со неговата грчка колешка Катерина Сакеларопулу, која во изјавата истакна дека нејзиното денешно присуство во Киев ја изразува целосната поддршка и солидарност на Грција кон Украина и украинскиот народ, јави дописничката на МИА од Атина.
По средбата, Сакеларопулу истакна дека „рускиот напад врз Украина нè засега сите нас“, бидејќи како што рече со бруталното кршење на меѓународното право, со заканата од општа прехранбена криза, но и заканата од нуклеарно уништување, „се прави обид да се поништи повоеното законодавство за мир и напредок“.
-Станува збор за директно оспорување на либералната демократија и на европските вредности и затоа Европската унија и меѓународната заедница мора безбедноста и стабилноста да ги бранат од ревизионизмот, рече Сакаеларопулу.
Пред средбата со Зеленски, грчката претседателка ги посети бомбардираните украински градови Ирпин, Буча и Бородијанка.
ЛИНК од видеото
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…