(Видео) Грчките фармери ја каменуваа полицијата што ги блокираше
Инциденти се случија во четвртокот напладне со грчките земјоделци во близина на Кардица. Грчките медиуми јавија дека полицијата ги спречила земјоделците да влезат на автопатот Е65, што резултирало со тензија.
„Владата не дава решенија со лаги. Изборот да се користат сили за репресија за да не нападнат не е првпат. Овој пат сме решени“, изјави Костас Целас, претседател на Обединетата федерација од Кардица.
Денеска стотина земјоделци и сточари од префектурата Кардица и од областа Фарсала се на раскрсницата на Е65 во Кардица, блокирајќи го споредниот пат со своите трактори кои учествуваат во мобилизацијата одлучена на состанокот на земјоделските федерации и здруженија одржани минатата недела во Паламас.
Силни полициски сили се наредени во областа уште од многу рано и го блокираа влезот и излезот од Е65.
„Ве известуваме дека на автопат се забранети трактори од безбедносни причини“, се слуша како полицаец им вели на земјоделците.
Меѓу главните барања на земјоделците е она за надополнување на изгубениот земјоделски приход поради намаленото производство и ниските цени, мерки за намалување на производствените трошоци, како што се нафта без данок, електрична енергија од 7 центи/Kwh, субвенции за ѓубрива, земјоделски материјали и добиточна храна како и 100% надомест за загуби во земјоделскиот капитал и производство и итно зголемување на земјоделските пензии.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Разбиена голема мрежа за даночни измами во…
Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…
Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…
Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…
Грчките инвестиции во енергетскиот сектор на Романија…
Говорејќи на третото издание на „Кодексот на…