Објавено на:

(Видео) Грчки воен авион „Ф-16“ се запали за време на летот

t

Грчкиот воен авион „Ф-16“ се запали за време на летот, по што беше принуден да изврши итно слетување на аеродромот на грчкиот остров Закинтос.

Според локалните медиуми, авионот слетал на меѓународниот аеродром Закинтос додека пламените јазици сè уште биле видливи, а пожарот потоа се проширил на пистата.

Снимките од местото на настанот го покажуваат авионот во пламен, додека противпожарните екипи се обидуваат да го изгаснат пожарот со моќни водни млазници.

Пилотот успешно го спуштил авионот и не е повреден, јавуваат медиумите.

Поради оштетениот авион кој сè уште е на пистата, работењето на аеродромот е нарушено, па некои летови се откажани или одложени.


Причината за принудното слетување и пожарот засега е непозната, а властите ги истражуваат околностите на инцидентот.

Грчките власти моментално ја проценуваат штетата на авионот.

Авионот полетал од 116-то борбено крило на воздухопловните сили во базата Араксос, а според првичните проценки, можно е да имало проблем со опремата за слетување за време на летот, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рекордно ниска излезност во Бугарија: Само 15…

Претседателските избори во Бугарија се одвиваат со…

Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…

Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…

Речиси 1.000 уапсени по вчерашните протести и…

Речиси 1.000 лица се уапсени откако стотици…

Излезноста на изборите во Србија до 14…

Во Србија денеска се одржуваат вонредни парламентарни…

Нападната мајката на Александар Вучиќ – ја…

Ангелина Вучиќ, мајката на Александар Вучиќ, била…