(Видео) Грчки пратеник: Македонците од „Северна„ Македонија се „оригиналните Македонци“
Пратеникот на грчката опозициска партија СИРИЗА, Теофилос Ксантопулос, во интервју за парламентарниот канал ги нарече граѓаните на Македонија „оригинални Македонци“, “во време кога раководството на соседната земја се обидува да ја врати оваа реторика со доведување во прашање на Договорот од Преспа“, коментираат грчките медиуми.
Извештајот на Ксантопулос беше направен по повод она што се разговараше вчера, понеделник, на конференцијата на Институтот „Алексис Ципрас“ во присуство на поранешниот македонски премиер, Зоран Заев.
„Вчера добив порака на оптимизам дека можеме да одиме напред во Западен Балкан во обид да го завршиме процесот на интеграција во ЕУ“, ја започна својата изјава пратеникот на СИРИЗА и продолжи:
„Иницијативи од ваков тип како Договорот од Преспа, иако македонските борци од овде и „оригиналните Македонци“ од таму, се пример како може да се градат сојузи на народи и држави во корист на поширокиот регион.
Грчките медиуми оваа негова изјава ја пренесоа како „контроверзна“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…
Децата помлади од 15 години во Грција…
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
Протести и во Грција: Ученици, студенти и…
Грчки студенти денеска поставија шатори во близина…