Објавено на:

(Видео) Густ чад над Одеса: Шест ракети го погодиле градот

t

Шест руски проектили денеска го погодиле украинскиот пристанишен град Одеса, изјави портпаролката на јужната воена команда на Украина.

На снимка која на Твитер ја објави шведскиот дипломат Карл Билд, се гледа како над градот се креваат густи облаци од црн чад.

Билд во коментар на твитот вели дека е јасно која е стратегијата на Русија – да продолжи со бомбардирање на градот, кој во еден момент би бил освоен и вклучен во руската окупациска зона во Украина.

Портпаролката Наталија Хуменјук рече дека четири ракети погодиле фабрика за мебел сместена во станбен кварт, додека другите две оштетиле аеродромска писта. Информациите за жртви се проверуваат.

Портпаролот на регионалната управа на Одеса, Сергеј Братчук, претходно кажа дека регионот на Одеса го погодиле четири проектили, но дека нема жртви. Агенцијата Ројтерс наведе дека тие извештаи во моментов не може да се потврдат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски напад во Одеса: Оштетено породилиште во…

Руските сили нападнаа цивилна инфраструктура во јужната…

Три лица загинаа во рускиот напад на…

Синоќа, Русија ја нападна Одеса со дронови…

По руските напади, десетици градови и села…

Десетици градови и села во јужниот украински…

Повеќе од 29.000 корисници останаа без струја…

Нападот на руските сили врз Одеса синоќа,…

Најмалку две ве лица загинаа во руските…

Две лица загинаа во руските напади, а…