(Видео) Дали роднинските врски на Рашковски биле пресудни за доделување на тендери во ЈП Дрисла?

t

Од ВМРО-ДПМНЕ и денеска реагираат на тендерите во ЈП Дрисла.

Ова е партиското соопштение:

“Почитувани,

Дрисла, претпријатие за справување со отпад, кое што во опис на работата има потреба од градежна машинерија, и ја има и ја поседува, за само две години 2019 и 2020 година, исплаќа речиси еден милион евра за изнајмување на багери, на градежни машини. А, парите ги добива братучед на генерален секретар на влада на СДСМ, додека директорува со Дрисла кадар на СДСМ.

Институциите како Јавното обвинителство и ДКСК мора да одговорат дали единствената причина зад фактурите од 850 илјади евра за две години испратени од фирмата, струмичката фирма до Дрисла, лежи во крвното сродство меѓу Драги Рашковски и Александар Пиперевалиев?

Дали врската со Рашковски била причината 850 илјади евра да бидат исплатени на Пиперевалиев, наместо одржување на машинеријата на Дрисла? И дали крвното сродство било посилно од Законот за јавни набавки, па договорот е склучен во четири очи?

Според договорот од 2020-та година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откога Дрисла станува ЈП и со него почнува да управува Коста Начевски, функционер на СДСМ. Веројатно крвната врска е пресудна и за менување на условите во огласот и тоа во време додека огласот бил објавен и активен, па се бришат услови како биланс во последните три години или минимален број на вработени – 12 лица!

Уште еднаш, со два договори, договор во четири очи, фирмата којашто нема ниту 12 вработени, за две години фактурира 850 илјади евра. Договори меѓу Дрисла и братучед на генерален секретар на владата на СДСМ, за изнајмување на багери за Дрисла која што и сама поседува механизација!?

Почитувани,

СДСМ не може да го сокрие криминалот во своите редови се додека со институциите владеат истите лица. Македонија може да излезе од кризна состојба само со брзи предвремени избори. Колку повеќе се чека толку повеќе се тоне во корупција, криминал и кризи!”

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Меџити најави околу Нова година нови…

Министерот за здравство Фатмир Меџити информираше дека…

Ослободителна пресуда за Елизабета Канческа – Милевска…

Обвинителството ќе вложи жалба на ослободителната пресуда…

Демант на соопштение: Мицкоски во нервоза и…

Од ЈП "Дрисла" ги демантираат обвинувањата од…

ДКСК поднесе предмет до Обвиннителството: Во време…

Државната комисија за спречување на корупција до…

РСЕ: РЕК Битола доделил десетици тендери на…

Најголемиот македонски производител на струја, термоелектраната РЕК…