(Видео) Дали ќе го гледаме почетокот на ТРЕТАТА СВЕТСКА ВОЈНА во живо?! – Русија со поддршка за Кина – Германија со поддршка за Тајван, тенкови на улиците

t

Претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси за неколку часа пристига во Тајван, што може да доведе до ескалација на тензиите со Пекинг.

Кина, која тврди дека Тајван е нејзина територија, предупреди на последиците, велејќи дека нејзината војска „повеќе нема да седи со скрстени раце“ доколку Пелоси ја продолжи турнејата.

Руското Министерство за надворешни работи за плановите на Пелоси да го посети Тајван посочува Соединетите Американски Држави постојано учествуваат во провокации, но денес Вашингтон тоа го прави во живо.

Русија го потенцира фактот дека има само една Кина. Владата на Народна Република Кина е единствената легитимна влада што ја претставува цела Кина, изјави портпаролката Марија Захарова.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Хуа Чунјинг на прашањето какви контрамерки има право да преземе Кина доколку Пелоси го посети Тајван одговори: „Можам да ви кажам дека американската страна дефинитивно ќе ја преземе одговорноста и ќе ја плати цената за нанесување штета на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина“.

Министерката за надворешни работи на Сојузна Република Германија , Аналена Баербок (централно-левичарска | Зелена партија) вети дека во случај на агресија од страна на Народна Република Кина против Република Кина (Тајван), германската влада ќе го поддржи Тајван!

„Не прифаќаме кога меѓународното право е прекршено и поголем сосед го напаѓа својот помал сосед со кршење на меѓународното право – и тоа се разбира важи и за Кина“, рече Баербок во Њујорк, за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

Истовремено во Кина може да се забележи големо разместување на трупи, тенкови, ракети, артилерија, бродови и авиони.

Сајбер војната веќе започна. Веб-страницата на претседателот и Владата на Тајван веќе не функционираат.

Прашањето останува дали ќе го гледаме почетокот на Третата Светска Војна во живо!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…

Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…

Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…

Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…

Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…

Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…

Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…

Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…

Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…